Знаеме како да ставиме ред
во вашиот маркетинг

Знаеме како да ве инспирираме
со креативни идеи..

И да ги реализираме успешно!

ДРАГО НИ Е ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ!

Ние сме дигитална агенција која ќе ги разбере вашите потреби и ќе биде дел од вашиот бизнис. Ние работиме поинаку – веруваме во силата и ефективноста на индивидуалниот пристап и гарантираме дека со нас ќе ги постигнете очекуваните резултати.

Анализа, стратегија, консултирање

Очекувајте од нас детално да го анализираме вашиот бизнис, моменталните онлајн активности и имиџ. Да ги дефинираме проблемите и слабите точки. Да определиме точни цели кои треба да бидат постигнати. Ќе ви помогнеме да откриете потенцијал за кој не сте ни замислувале.

види повеќе

Социјални мрежи

Социјалните мрежи можат да бидат ваша сила или слабост. Ние ви гарантираме перфектна комуникација на социјалните мрежи, зголемување на фан базата, продажбите и довербата кон вашата фирма. – менаџмент на ФБ и Инстаграм страници – создавање на содржини -игри и интеракција со корисниците

види повеќе

Дигитален маркетинг

Онлајн рекламирањето е ефективно, мерливо и пристапно. Доверено во рацете на стручни специјалисти  е моќна алатка со која ќе достигнете високи резултати. Без разлика дали се работи за мал локален бизнис, интернет продавница или голем бренд,ќе изградиме најсоодветен микс од канали за рекламирање на интернет.

види повеќе

Дизајн и продукција

Без разлика дали станува збор за изработка на веб сајт, онлајн продавница, впечатливи реклами или содржина за социјални медиуми – нашиот креативен тим ќе изработи за вас решенија кои работат и допринесуваат за растот на вашиот бизнис. Оставете ја вашата бизнис идентичност во сигурни раце.

види повеќе

Зошто да ни ги доверите вашите маркетинг активности?

Нашата работа секогаш почнува со анализа на моменталната состојба и градење на стратегија – специјално и индивидуално за вас и вашите потреби. Нема да користиме комплицирани маркетиншки термини – нив ќе ги употребуваме во интерната комуникација, а со вас ќе разговараме разбирливо и јасно. Ќе ги сфатиме вашите потреби, ќе ја анализираме почетната состојба и ќе ви понудиме персонална стратегија. Ќе бидеме до вас во секој чекор од дигиталниот живот на вашата компанија и ќе ви покажеме како интернетот може да работи во ваша корист.

ПЕРСОНАЛЕН ПРИСТАП

АНАЛИЗА И СТРАТЕГИЈА

ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО

ПОСВЕТЕНИ НА УСПЕХОТ…

КРЕАТИВНИ ИДЕИ

ЛЕСНА КОМУНИКАЦИЈА

СТРУЧЕН ТИМ

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

Ќе ја употребиме нашата креативност и долгогодишно искуство, за да ви ги предложиме најефективните рекламни формати и визии, кои ќе донесат одлични резултати.

Ќе ви предложиме соодветен план за достигнување на очекуваните резултати, во сообразност со вашиот буџет.

За ефективно рекламирање не е важна само големината на буџетот, а неговото правилно планирање и успотребување. Ние сме тука за да го насочиме вашиот буџет максимално ефективно.

Тука е нашата најголема сила – се претворуваме во ваш надворешен маркетинг тим со долгогодишно искуство и различни професионални, кои се секогаш спремни да му помогнат на вашиот бизнис.

Нашите клиенти споделуваат

Дел од нашите клиенти:

Време е да ги доверите вашите маркетинг активности на стручен тим, кој ужива во изработувањето на ефективни маркетинг стратегии и дигитални активности!