Ние сме дигитална агенција која ќе ги разбере вашите потреби и ќе биде дел од вашиот бизнис. Ние работиме поинаку – веруваме во силата и ефективноста на индивидуалниот пристап и гарантираме дека со нас ќе ги постигнете очекуваните резултати.

АНАЛИЗА,СТРАТЕГИЈА

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

EMAIL МАРКЕТИНГ

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

ДИЗАЈН И ПРОДУКЦИЈА

ОНЛАЈН РЕПУТАЦИЈА

Анализа,стратегија консултирање

Очекувајте од нас детално да го анализираме вашиот бизнис, моменталните онлајн активности и имиџ. Да ги дефинираме проблемите и слабите точки. Да определиме точни цели кои треба да бидат постигнати. Ќе ви помогнеме да откриете потенцијал за кој не сте ни замислувале.

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Онлајн рекламирањето е ефективно, мерливо и пристапно. Доверено во рацете на стручни специјалисти  е моќна алатка со која ќе достигнете високи резултати. Без разлика дали се работи за мал локален бизнис, интернет продавница или голем бренд,ќе изградиме најсоодветен микс од канали за рекламирање на интернет.

Социјални мрежи

Социјалните мрежи можат да бидат ваша сила или слабост. Ние ви гарантираме перфектна комуникација на социјалните мрежи, зголемување на фан базата, продажбите и довербата кон вашата фирма. – менаџмент на ФБ и Инстаграм страници – создавање на содржини -игри и интеракција со корисниците

Дизајн и продукција

Без разлика дали станува збор за изработка на веб сајт, онлајн продавница, впечатливи реклами или содржина за социјални медиуми – нашиот креативен тим ќе изработи за вас решенија кои работат и допринесуваат за растот на вашиот бизнис. Оставете ја вашата бизнис идентичност во сигурни раце.

Email маркетинг

Персонализираните email пораки се ефективен дел од вашиот интернет маркетинг. Со нашите професионално изработени newsletter-и ќе информирате и продавате на нов начин. Ќе имате обратна врска од сите нови или постоечки клиенти и ќе знаете како тие реагирааат на сите новитети околу вашиот бизнис.

Онлајн репутација и медиа мониторинг

Ќе ги прикажеме пред интернет јавноста вашите бизнис активности и ќе ви помогнеме да изградите стабилна онлајн репутација.Вршиме мониторинг на водечките онлајн и социјални медиуми во Македонија.Бидете информирани што се зборува за вас или вашите конкуренти.

Очекувајте од нас детално да го анализираме вашиот бизнис и да ви понудиме конкретна маркетинг стратегија и решенија за долгорочен успех. Заедно ќе изградиме ефективна дигитална инфраструктура и ќе ги постигнеме посакуваните резултати!.

Ориентирани кон резултати
Индивидуален пристап
Разновидни идеи

Зошто да ни ги доверите вашите маркетинг активности?

Нашата работа секогаш почнува со анализа на моменталната состојба и градење на стратегија – специјално и индивидуално за вас и вашите потреби. Нема да користиме комплицирани маркетиншки термини – нив ќе ги употребуваме во интерната комуникација, а со вас ќе разговараме разбирливо и јасно. Ќе ги сфатиме вашите потреби, ќе ја анализираме почетната состојба и ќе ви понудиме персонална стратегија. Ќе бидеме до вас во секој чекор од дигиталниот живот на вашата компанија и ќе ви покажеме како интернет може да работи во ваша корист.

ПЕРСОНАЛЕН ПРИСТАП

АНАЛИЗА И СТРАТЕГИЈА

ДОЛГОГОДИШНО ИСКУСТВО

ПОСВЕТЕНИ НА УСПЕХОТ…

КРЕАТИВНИ ИДЕИ

ЛЕСНА КОМУНИКАЦИЈА

СТРУЧЕН ТИМ

ИНОВАТИВНИ ТЕХНОЛОГИИ

Ќе ја употребиме нашата креативност и долгогодишно искуство, за да ви ги предложиме најефективните рекламни формати и визии, кои ќе донесат одлични резултати.

Ќе ви предложиме соодветен план за достигнување на очекуваните резултати, во сообразност со вашиот буџет.

За ефективно рекламирање не е важна само големината на буџетот, а неговото правилно планирање и успотребување. Ние сме тука за да го насочиме вашиот буџет максимално ефективно.

Тука е нашата најголема сила – се претворуваме во ваш надворешен маркетинг тим со долгогодишно искуство и различни професионални, кои се секогаш спремни да му помогнат на вашиот бизнис.