Разлики меѓу платени кликови и посети во Analytics
Разлики меѓу платени кликови и посети во Analytics, зошто?
Скоро секој сопственик на веб-сајт денес употребува Google Analytics за да го следи однесувањето на корисниците кои го посетуваат неговиот веб-сајт. Причината што Analytics е толку популарен не е само тоа што алатката е бесплатна, туку и затоа што има беспрекорен имиџ – добра технологија, брзина, огромна количина на податоци. Имено, тоа ги убедува огласувачите да и веруваат на оваа алатка и да ја употребуваат за анализа на посетите на нивните сајтови.
Но, замислете ситуација сте стартувале рекламна кампања, а Google Analytics покажува разлика меѓу тоа за кое имате платено на одредена рекламна платформа или веб-сајт и тоа што се прикажува во вашиот мерач. Во тој случај на кого би верувале?
Кога за прв пат сте утврдиле разлика меѓу евидентираниот број на кликови во рекламниот систем и бројот на посети во Analytics веројатно сте се чувствувале ограбено. Но, подобро останете мирни и прочитајте го овој текст до крај, за да ја разберете логиката на платената реклама во интернет и на правилното мерење на секој корисник. Ветуваме дека потоа полесно и постручно ќе ги анализирате податоците во вашиот Google Analytics.
За да биде поедноставно, да земеме во предвид ситуација, во која вие како огласувач имате платено кампања со точно 10 000 клика и тоа е количината која е евидентирана во рекламната платформа (EasyPlatform, Facebook или Adwords, без разлика). Начинот, на кој секоја платформа ги евидентира кликовите е на принципот на редирект (препраќање на корисник). Кликот моментално се одбројува, бидејќи истиот се случил. Секако различните механизми на заштита на секоја платформа се способни да ги филтрираат кликовите кои се извршени од ботови, double click со глувчето и други “невалидни” кликови, а тие автоматски не се пресметуваат и за нив не се наплаќа. Но, доколку евидентирате разлика меѓу тие 10 000 кликови и посетите во Analytics, причината нема да биде во заштитниот механизам на платформата, туку во друго – имено, Google Analytics не го пресметува секој препратен корисник, туку т.н. “сесија”. Затоа е многу важно да дефинираме дека Клик и Сесија се две различни нешта!
За да евидентира сесија (минимален престој на сајтот) Analytics има потреба од технолошко време, бидејќи сепак тој функционира преку еден javascript код, кој треба да се стартува и да функционира коректно на вашиот сајт. Понекогаш тоа време е милисекунди, но понекогаш е дури неколку секунди. Секое задоцнување во работењето на GA го зголемува технолошкото време кое е потребно за вчитување на корисничката сесија и ја намалува шансата тој корисник да биде евидентиран.
Сега, во нашата примерна ситуација – замислете дека 10 000 луѓе кликнале на линк или реклама која однесува до вашиот сајт, но 2000 од нив го затвориле сајтот за 1-2 секунди по доаѓањето во него. Причината за тоа може да биде нивното непосакувано кликнување, неточниот опис во рекламата (очекувале да видат едно, а им се прикажува друго, имаат спор интернет и сајтот не се вчитува итн итн). Логичната реакција на овие корисници е брзо да се вратат назад. Со денешните веб пребарувачи враќањето назад е многу олеснето. На мобилен телефон тоа може да се случи со клик на копчето „назад“ или клик на X (затворање) и враќање на пример кон Facebook. Тука е моментот да спомнеме, дека Facebook има сопствен веб пребарувач и ги отвара сите надворешни линкови во тој веб пребарувач, чие копче Х за затворање се наоѓа удобно во левиот горен агол. Ова копче Х е вистинска секира за сесиите, бидејќи многу корисници го притискаат веднаш штом сфатат дека нешто ги носи надвор од нормалната средина на која се навиканти.
Колку е важна брзината на вчитување?
Тукa е моментoт да дадеме детали во врска со задоцнувањето на Analytics и варијантите за подобрување на неговата брзина на евидентирање на сесиите. Ќе бидете изненадени дека најчесто проблемот е во вашиот веб-сајт, а не во Google Analytics. Најдетална информација на таа тема доставува самиот Google во овој текст: Задоцнување и зошто тоа влијае на кликовите во AdWords и сесиите во Google Analytics.
Наредниот цитат од статијата дава најточно објаснување за причината за разликите во бројот на кликови кој се должи на т.н. “Краткотрајни кликнувања”:
“краткотрајно кликнување се случува тогаш, кога корисник ќе кликне на реклама, а потоа на копчето за враќање назад или за затворање на веб пребарувачот пред вчитувањето на тракинг кодот на Google Analytics. Во тие случаи платформата (Adwords, Facebook, EasyPLatform) го одбројуваат кликнувањето, но во Google Analytics не се запишува сесија за тој корисник.”
Со други зборови – колку побавно се активира сајтот и колку поголем е бројот на побарувања пред кодовиот фрагмент на Google Analytics, толку е поверојатно да се среќавате со проблеми, со голем процент на “краткотрајни кликнувања” и со недоволни податоции за сесиите.
Можете да размислувате за краткотрајните кликнувања и како за излезени (филтрирани) од веб-сајтот корисници (Bounces), што значи дека доколку не ги следите овие сесии, тогаш Bounce Rate-от најверојатно е неприродно намален, а тоа од друга страна влијае на донесувањето на решенија за начинот на работа и анализата на вашиот сајт.
Како општо правило мобилните уреди работат при побавна мрежна инфраструктура (3G мрежи), во споредба со повеќето поврзувања на персоналните компјутери (WIFI, LAN). Затоа доколку ги насочувате вашите реклами кон мобилни уреди, брзото активирање и вчитување на сајтот е од уште поголемо значење за намалувањето на краткотрајните кликнувањa.
Двоен код
Друг многу често среќаван проблем е дуплирањето на кодот на GA во сајтот. Во тој случај на кодот се праќаат неколку барања за едно исто нешто и тоа е причина за сериозни проблеми – во некои случаи се евидентираат двојни податоци, а во други се губи голем процент од посетите заради противречности.
Дали и вие забележувате разлики меѓу закупениот број на кликови и евидентираните сесии во Google Analytics?