16 Aug

Реклама за секунди

Реклама за секунди со фотографии директно од вашиот сајт

Создавањето на убава и функционална реклама со до 5 фотографии и текст станува уште полесно!

Рекламни огласи кои можете да ги креирате и објавувате преку EasyPlatform се интересен и иновативен формат со кој може да спроведете супер ефективна интернет кампања. Секој оглас содржи наслов, текст и до 5 слики и овозможува да ја пренесете својата рекламна порака така што јасно и атрактивно да ги промовирате своите услуги. Повеќе за можностите што ги нуди овој формат за рекламирање може да видите ТУКА, а новото кај огласите е дека веќе не мора да атачирате слики, туку тие да ги преземете автоматски од вашиот сајт. Едноставно внесете го линкот од вашиот сајт и доколку се пронајдат фотографии со потребните димензии, тие автоматски ќе се зачуват кон вашата реклама. Искоритете го и crop модулот за да ги наместите сликите по најсоодветниот начин и тоа е тоа! Веќе имате готова реклама за секунди, без да барате и даунлодирате слики, без потреба од дизајнерски вештини и без тешкотии!

Е еве и повеќе детали како да создадете сопствен рекламен оглас:

  1. Логирајте се во својот акаунт во платформата
  2. Создадете сопствена рекламна кампања за текстуални огласи (една кампања може да содржи еден или повеќе огласи )
  3. Создадете текстуален оглас. За еден оглас е потребен наслов до 30 карактери, текст до 80 карактери и до 5 слики. Сликите може да додадете на 3 начини:

– да атачирате слика од својот компјутер

– да одберете соодветна слика од нашата богата галерија со висококвалитетни и дозволени за користење фотографии

– да ја одберете новата опција за додавање на фотографија “Од интернет страница” и да ја внесете url адресата на сајтот од кој сакате да се преземат слики

Откако ќе додадете слики на било кој од трите начини, наместете ги на најдобриот можен начин преку нашиот crop модул и зачувајте. Веќе имате рекламен оглас кој може да полета во интернет пространството и да ви донесе популарност и високи резултати.

Related Posts